Премиерот Мицкоски ги посети повредените од трагичниот пожар во ГОБ „8 Септември“

Денеска ги посетив повредените од трагичниот пожар во Општина Кочани во ГОБ „8 Септември“ во Скопје.
Владата ги презема сите неопходни мерки за спасување животи, а лекарските тимови вложуваат натчовечки напори. Голем број пациенти се пренесени во странство, а државата ќе ги покрие трошоците за два члена од семејствата да ги посетат најблиските.
Благодарни сме за меѓународната помош и поддршка, напиша на својот ФБ профил премиерот Христијан Мицкоски.