Состојбата на повредените од Кочани останува тешка, истакнуваат од бугарското министерство за здравство

Состојбата на повредените во трагичниот инцидент во Република Северна Македонија, кои се хоспитализирани на лекување во Бугарија, останува тешка, велат во објава на својот фејсбук профил од бугарското министерство за здравство.

„Осумте пациенти хоспитализирани во УМБАЛСМ „Н. И. Пирогов“ се на апаратна вентилација и остануваат во Одделот за интензивна нега.

Според информациите од МБАЛ-Варна при Воено-медицинската академија (ВМА), тројцата пациенти се во тешка состојба – двајца од нив се на апаратна вентилација, а третиот е на кислородна терапија со назална маска.

Состојбата на пациентите во УМБАЛ „Свети Георги“ – Пловдив и понатаму е тешка, но стабилна. Тие продолжуваат да се лекуваат во интензивни услови“, се вели во објавата.