Јован (19) од Виница спасил околу 20 деца во пожарот во Кочани, тој е меѓу повредените

Хероите се меѓу нас и заслужуваат да бидат спомнати.

Јован од Виница на само 19-годишна возраст без двоумење влегол во огнот во дискотеката „Пулс“ во Кочани и спасил околу 20 деца. За неговото херојско дело деновиве се пишува на социјалните мрежи.

„Со црево во рацете и срце полно со храброст, тој не размислуваше за себе, туку за оние на кои им беше потребен. Побрзо оздравување, братче мое“ – стои во објавата на Ѓорѓи Димитровски.

 

 

 

femina.mk