Ги минавме првите критични 72 часа без нови смртни случаи, изјави министерот за здравство, Арбен Таравари на прес-конференција претпладнево.
„Нема починати меѓу оние кои ја преживеаја трагедијата. Се надевам дека сите пациенти ќе закрепнат и полека-полека да зборуваме колку пациенти си одат дома“, рече Таравари.
Тој го даде и последниот пресек на бројките на пациенти во домашните и во странските болници. Како што истакна, во македонските државни болници се третираат 64 пациени, во приватните – 13, а надвор од државата се преземени 101 лице. За нив рече дека се наоѓаат во релативно стабилна состојба.
За денеска најави дека ќе биде реализиран последниот трансфер на пациенти во странство. Ќе заминат пет лица лод кои две во Шведска.