Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ работат неколку тимови на странски лекари кои доаѓаат од центри кои се строго специјализирани токму за ваков тип на повреди, како доктори од Воено медицинската академија (ВМА) во Белград Белград, од болницата „Шеба“ во Израел, исто така и од Чешка. Ги санираме повредите на оние пациенти кои не се критични и кои веќе имаат потреба од подготовка за следната фаза, реконструктивна хирургија, изјави денеска в.д. директорот на Фондот за здравство на Македонија (ФЗОМ) Сашо Клековски, на прес-конференцијата во Владата каде што говорше заедно со директорот на ГОБ „8 Септември“ д-р Синиша Стојановски и портпаролката на Владата Марија Митева.
Во трагедијата која се случи во дискотека во Кочани, рано утрото во 2,30 часот на 16 март животот го загубија 59 лица, главно на возраст меѓу 14 и 25 години од Кочани, Штип, Скопје, Пробиштип, а над 190 беа повредени. Во моментов во странство, на лекување се пренесени 101 лица во повеќе европски држави, а како што утринава на прес-конфренција најави министерот за здравство Арбен таравари, денеска ќе бидат пренесени последните пациенти надвор од државата.
Министерот кажа дека вкупно се третираат 178 пациенти низ различни установи од кои 64 во болниците од јавното здравство во Скопје и во Штип и 13 во приватните, вкупно 77 пациенти.
Она што радува е што сегашните трансфери кои ги правиме не се во насока на пациенти кои се критични и интубирани, туку сега правиме тријажа на пациети спрема степенот и опсегот на изгореници. Оние кои имаат најголем процент и највисок степен на изгореници да се трансферираат во референтни центри кои се строго специјализирани за третман на ваков вид повреди, изјави Клековски.
Тој кажа дека состојбата и утрово кај пациентите кои се на лекување на виталните параметри е стабилна.
Натамошните фази се високоцпецифични и бараат специфично искуство и затоа се решивме да праќаме пациенти во странство. Од 2017 години од ФЗОМ имаме испратено пет случаи на лекување во странство. На еден пациент во Солун веќе му е извршена трансплантација на кожа на рацете. Веќе сме во контакт со фондација од Холандија која има банка на кожни графтови за да донесеме кожни графотви во Македонија за да почнеме да ја размислуваме реконструктивната фаза, изјави Клековски.