НУМ „Струшки вечери на поезијата“ ги одложи сите предвидени активности по повод одбележувањето на 21 Март, Денот на поезијата. Тие изразија сочувство по повод трагедијата во Кочани.
„Нашите мисли се со семејствата и со блиските на загинатите и на повредените. Се надеваме дека времето ќе донесе заздравување и сила за сите нас“, велат од НУМ „Струшките вечери на поезијата“.