Денес уште еден шок. Уште еден млад шофер на Брзата помош од Кочани доживеал удар – објави Метропола.мк. Според порталот шоферот е жив и е хоспитализиран во болница.
По трагедијата во неделата во Кочани, во понеделникот почина шоферот на Брзата помош од Кочани, Иле Гоцевски на 41 година, кој имал срцев удар.
Шоферите,сестрите, болничарите и докторите во кочанската болница се на крајни сили, како физички,така и психички.