Израелските лекари за еден ден направиле 23 операции врз настраданите од Кочани откриваат македонски здравствени работници кои биле дел од лекарските тимовите за спас на жртвите од дискотеката на смртта, објави РЕПУБЛИКА.
Сите лекарски тимови од странство кои дојдоа да помогнат во земјава се одлични подготвени и спасиле голем број од повредените но израелските лекари и медицински кадар се нешто посебно тврдат луѓе од другите странски тимови кои работеле со Израелците.
Во само еден ден во средата медицинскиот тим од Израел извршил дури 23 тешки интервенции и со тоа практично дал шанса на живот на 23 лица.
Израелците работат во трите скопски болници во тимови со македонски медицински персонал и со екипите од Чешка и Србија но според очевидци тие се светлосни години пред сите останати не само поради искуството што го имаат со третирање на ваков вид на повреди туку и поради опремата, лекарствата кои што ги донесле но и поради фанатизмот кој го искажале за да спасат колку што можат повеќе животи.
Дел од израелската медицинска екипа заминала од земјава вчера наутро но дел останала за да се подготви втората фаза од третман на повредените која е многу комплицирана и која бара многу знаење и искуство.
А скромните Израелци се воодушевени од македонските колеги и брзата интервенција на македонските власти.