Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Мајами, откако рано утринава го совлада Италијанецот Лоренцо Муци со резултат 2:0, во сетови 6:2, 6:2 и го продолжи патот до седмата титула во Мајами.
Натпреварот траеше час и 23 минути, а тоа беше 412-та победа на Ѓоковиќ на турнирите од Мастерс серијата.
За Новак овој меч беше дефинитивно најдобар од Австралија опен. Ова му е 96-то Мастерс четвртфинале во кариерата, а повеќе има само Надал (99 четвртфиналиња). Мусети направи брејк и поведе со 2-0, најмногу благодарение на очајната игра на српскиот тенисер. Новак не можеше да најде ритам, енергијата беше слаба и говорот на телото не изгледаше добро. Но, Ѓоковиќ брзо реагираше, а Лоренцо веднаш падна. Србинот го врати брејкот, а при 2-2 беше предупреден за задржување време од судијата Фергус Марфи. Двајцата имаа кратка расправија на пауза меѓу гемовите, а по тој мал инцидент ништо не беше исто. Ѓоковиќ ја зголеми силата на својот сервис и Мусети веќе не знаеше каде се наоѓа.
nezavisen.mk