Први фотографии од спроведувањето на сопственикот на „Пулс“

Министерството за внатрешни работи изврши претрес во домот на Дејан Јованов попознат како Деко, како и во неговиот автомобил „инсигниа“ и два угостителски објекти, дискотеката „Пулс“ и кафе барот Класик.

Полициски претрес имаше и во канцеларија на Државен пазарен инспекторат во Кочани поврзани со документација за неговите фирми.

Вчера на распит беа повикани и неговата сопруга и ќерка.

„Во домот на Д.Ј. пронајдени и одземени се лап топ компјутери, повеќе мобилни уреди, документација и други предмети. Одредени предмети се одземени и од возилото и од угостителските објекти, а пронајдена и одземена е и финансиска документација. Во ДПИ- Канцеларија Кочани пронајден и одземен е еден компјутер, еден лап топ компјутер и еден таблет, како и целокупната документација поврзана со правни субјекти во сопственост на Д.Ј.“, велат од МВР.

 

 

4news.mk