Данска планира да купи систем за воздушна одбрана за 7,6 милијарди евра

Данска планира да купи системи за воздушна одбрана за 7,67 милијарди евра, што е нејзина најголема набавка на оружје досега, изјави во петок (12 септември) министерот за одбрана на земјата, Троелс Лунд Поулсен.

Во февруари, премиерката Мете Фредериксен ѝ нареди на војската да „купува, купува, купува“ како подготовка за потенцијална идна руска агресија во Европа, објави Ројтерс.

„Нема сомнение дека безбедносната ситуација е загрозена. Видовме како Русија го наруши воздушниот простор на Полска со неколку дронови…Тоа е потсетник за сите нас колку е важно да ја зајакнеме нашата борбена моќ“, им рече Поулсен на новинарите.

Данска планира да набави осум системи, вклучувајќи ги и оние со долг дострел од француско-италијанската платформа SAMP/T, заедно со системи со среден дострел произведени од Норвешка, Германија и Франција.

 

 

 

 

 

slobodnaevropa.mk