Министерката за образование и наука, Весна Јаневска синоќа во гостување на емисијата „Вин-вин“ на „Телма“ рече дека е факт дека дел од училиштата не го нарачале соодветниот број на учебници и додаде дека сега казната за нив ќе биде тоа што ќе треба да ги отпачатат учебниците и да им ги дадат на родителите.
„Видовме дека бавно и тешко оди процесот. На училиштата им рековме да нарачаат учебници, но сепак дел од нив не го нарачаа потребниот број“, рече таа.
Според министерката, некои родители тоа и самите го прават и не ги чекаат училиштата да им ги испечатат учебниците.
„Факт е дека дел од училиштата не го нарачаа соодветниот број на учебници. Сега казната за нив е што треба да ги отпачатат учебниците и да им ги дадат на родителите“, рече Јаневска.
Јаневска посочи и на тоа дека издавачките куќи имаат право десет отсто од учебниците да ги пуштат во слободна продажба, по истата цена утврдена со закон, по која што ги откупило Министерството за образование и наука (МОН).
skopjeinfo.mk




