Мито и корупција во Бугарија откриени благодарение на концертот на Роби Вилијамс

„Роби Вилијамс е поефикасен во борбата против корупцијата од бугарските институции.“

Ова беше само една од шегите од социјалните мрежи по корупцискиот скандал поврзан со концертот на светска ѕвезда одржан во главниот град на Бугарија на 28 септември.

Значи, името на Роби Вилијамс, наместо да се спомене поради концертот, заврши во сосема друг оддел. И тоа без негова вина.

Што се случи?

Властите објавија дека транспортните инспектори запреле пет од 22 камиони што превезувале опрема за сцената каде што требало да се одржи концертот.

Им тврделе дека мора да се плати казна и побарале мито за да му се овозможи на камионот да стигне до својата дестинација.

Исто така, беше објавено дека инспекторите дури ја користеле платформата Google Translate за да ги изразат своите барања, бидејќи имале бариери во комуникацијата. Двајца возачи одбиле, но тројца други платиле. Еден платил повеќе од 300 евра.

Одговорот на владата

Откако возачите ја известиле полицијата и Амбасадата на Велика Британија, две лица беа уапсени и започната е истрага за случајот под сомнение за корупција.

Според властите, тие работеле за Управата за моторни возила, агенцијата одговорна за контрола на сообраќајот во Бугарија од 2012 година.

 

 

 

 

 

slobodnaevropa.mk