Мицкоски во посета на Косоврасти – Разговаравме за актуелните предизвици со кои се соочува локалната заедница, како и за нивно решавање

Денес остваривме посета на селото Долно Косоврасти, со цел директно да ги слушнеме ставовите, потребите и предлозите на жителите.
Разговаравме за актуелните предизвици со кои се соочува локалната заедница, како и за нивно решавање. Продолжуваме со вакви средби, секој човек и секое место ни е битно, напиша на својот ФБ профил претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.