ОН: Стотици илјади цивили заробени во Судан

Стотици илјади цивили се заробени поради ескалацијата на борбите во Ел Фашер, главниот град на суданската држава Северен Дарфур, соопшти Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA).

„Со борбите што се продлабочуваат во градот и отсечените патишта за бегство, стотици илјади цивили се заробени и преплашени – гранатирани, гладни и без пристап до храна, здравствена заштита или безбедност“, алармира координаторот на ОН за итна помош, Том Флечер.

Флечер соопшти дека е „длабоко вознемирен од извештаите за цивилни жртви и присилно раселување“, повикувајќи на „итен прекин на огнот во Ел Фашер, низ Дарфур и низ целиот Судан“.

„На цивилите мора да им се овозможи безбеден премин и да можат да пристапат до помош. На оние што бегаат во побезбедни области мора да им се дозволи да го сторат тоа безбедно и достоинствено. Оние што остануваат – вклучително и локалните реагирачи – мора да бидат заштитени. Нападите врз цивили, болници и хуманитарни операции мора веднаш да престанат“, рече Флечер.

 

 

slobodnaevropa.mk