Николоски: Хрватска дава силната поддршка за Македонија за евроинтегративниот процес

БРОЈНИ ПОЛИТИЧКИ СРЕДБИ ВО ЗАГРЕБ ЗА ИДНИНАТА НА МАКЕДОНИЈА
Хрватска дава силната поддршка за Македонија за евроинтегративниот процес, како и заложби за интензивирање на политичките и економски релации помеѓу двете држави.
Добрите односи меѓу двете земји претставуваат пример за регионална соработка, заснована на пријателство, заемна поддршка и визија за европска перспектива.
Побарав силна поддршка од Хрватска во надминување на состојбата со транспортерите и нивните работни активности во рамки на Шенген зоната. Овој проблем има регионално значење и брзо надминување на истиот ќе допринесе до стабилност на регионалната економија и побрз проток на стоки и услуги кон европските пазари.