Муцунски: Потпишан Меморандум за разбирање со Обединетите Арапски Емирати за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата

Денеска во Дубаи остварив билатерална средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан, на која потпишавме Меморандум за разбирање меѓу двете влади, што отвора ново поглавје во соработката меѓу нашите држави.
Со Меморандумот воспоставуваме институционална рамка за систематска соработка насочена кон унапредување на јавните политики, јакнење на административните капацитети, дигитална трансформација и примена на иновативни модели на управување.
Разговаравме и за можноста за воспоставување директна авиолинија меѓу Скопје и Обединетите Арапски Емирати, при што ја потврдивме заедничката определба за натамошно продлабочување на билатералните односи и развој на конкретни иницијативи што ќе придонесат за економски раст, поефикасни институции и уште поцврста соработка меѓу двете држави.