Почина Миле Попов, доајен на македонското спикерство

Со огромна тага ја споделуваме веста дека денеска во Скопје на 92-годишна возраст почина Миле Попов, уште една легенда, доајен на македонското спикерство, учител на многу генерации спикери.
Неговиот придонес за квалитетот на емисиите на Македонската радио-телевизија е огромен.
Погребот на посмртните останки ќе се изврши утре во 10 часот, на градските гробишта Бутел крај Скопје.
Вечна му слава!