Иранска војна: Енергетска криза и по мир

Растечката енергетска и кризата во глобалните синџири во снабдувањето најверојатно нема да се ублажи дури ни ако САД и Иран се повлечат од работ на ескалација. Експертите предупредуваат дека повторното отворање на Ормускиот Теснец и обновата на инфраструктурата може да траат со месеци, па дури и години.

Додека иранската војна утре (недела) се приближува до 100-тиот ден, се наметнува утешна, но погрешна претпоставка. Многу носители на политички одлуки, компании и инвеститори веруваат дека брзото отворање на Ормускиот Теснец брзо ќе ги намали цените на енергијата, откако заглавените танкери со нафта и гас конечно ќе можат да го напуштат Персискиот Залив.

Сепак, водечки директори од нафтени компании, лидери од бродскиот сектор и економисти предвидуваат спротивно сценарио. Тие предупредуваат дека мирот нема веднаш да ги врати енергетските пазари и глобалните синџири на снабдување во нормала. Последиците, според нив, може да траат со месеци, па дури и години.

Извршниот директор на „Сауди Арамко“, Амин Насер, најголемиот снабдувач со нафта во Персискиот Залив, минатиот месец им изјави на инвеститорите дека дури и ако Ормускиот Теснец веднаш се отвори, ќе бидат потребни „месеци за пазарот да се избалансира“. Доколку затворањето потрае уште неколку недели, нормализацијата, според него, би можела да трае до 2027 година.

Сообраќајот низ тесниот морски премин меѓу Иран и Оман останува значително под нормалното ниво, и покрај кревкото примирје и мировните преговори кои постојано се соочуваат со застој.

 

 

DW