На 06.06.2026 во 11:10 часот во Свети Николе полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Г.М.(40) од Свети Николе, затоа што при извршен претрес, по претходна судска наредба, во домот се пронајдени и одземени марихуана и семки од канабис. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице



