На 06.06.2026 во 13:00 часот полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор и граничен премин Дојран го лишија од слобода М.У.(46) од Р.Турција, со привремен престој во државата поради тоа што кај место викано „Раскрсница Валандово“ при извршена контрола на патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки кој го управувал истиот приложил на увид фалсификувана меѓународна возачка дозвола.
По извршена проверка констатирано е дека истиот не поседува друга возачка дозвола, односно немал положено возачки испит. Известен е јавен обвинител. Тој бил задржан во Полициската станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.



