Јас би сакал да кажам дека сум исклучително импресиониран за тоа што од еден скромен семеен бизнис „Винчини“, односно „Макрпогрес“ во случајов, прераснува во, би рекол, регионален гигант.
Со промет од повеќе од 40 милиони евра, компанијата навистина претставува еден од фундаментите, од темелите на македонската кондиторска индустрија.
Ние како Влада се разбира ќе сториме сè што можеме за да помагаме ваков тип на бизниси, бидејќи околу 80-тина проценти од вкупното производство е практично производство наменето за извоз.
Што значи дека „Макпрогрес“, дали директно преку својот бренд „Винчини“ или како приватен бренд, произведува веќе и 80 проценти од своето производство го дава за извоз.
Така што, јас уште еднаш би сакал да му честитам на директорот, на сопственикот, на сите вработени практично коишто придонесуваат, ако не се лажам, 670 вработени.
Ги слушнавме амбициите, целите и ние како Влада ќе сториме сè да помогнеме, да бидеме додадена вредност во делот на реализирање на тие амбиции, цели за следниве 5 години.
Уште еднаш честитки и нека ни се множат вакви инвестиции во Македонија.




