Трамп најави договор за крај на војната со Иран за 2-3 дена

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека во наредните денови може да биде постигнат договор за завршување на војната со Иран. „Се наоѓаме во завршната фаза на она што ќе биде многу, многу добар договор“, изјави Трамп. Тој оцени дека постигнувањето на договорот е можно во наредните „два или три дена“.

САД и Израел ја започнаа војната со Иран со воздушни напади на 28 февруари. Техеран одговори со ракетни и дронски напади врз Израел, како и врз неколку држави од Заливот и американски објекти во регионот.

Од 8 април е на сила кревко примирје. Во ноќта меѓу неделата и понеделникот (6/7.06), Израел и Иран за првпат од почетокот на прекинот на огнот повторно започнаа меѓусебни напади. Во текот на денот, двете земји објавија дека борбените дејствија повторно се прекинати. Двете страни, сепак, се заканија дека во случај на прекршување на нивните услови ќе следуваат уште пожестоки борби. Првите меѓусебни напади по два месеца се заканија да ги поткопаат напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за ставање крај на војната.

 

 

DW