Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода девет возачи кои управувале возило без возачка дозвола, од кои двајца малолетници, а еден и бил и под дејство на алкохол. По две лица во Скопје и Прилеп и по едно лице во Кочани, Гевгелија, Кратово, Македонски Брод (малолетник) и Кривогаштани (малолетник) возеле без дозвола. Лицето во Кратово претходно учествувало во сообраќајна незгода, како и едно од лицата во Прилеп, кое воедно било и под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.



