Седум лица лишени од слобода во Скопје, Струга и тетовско затоа што кај нив била пронајдена дрога

Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишија од слобода седум лица кај кои била пронајдена дрога.
На 14.06.2026 во 01:05 часот кај месноста „Мороишки мост“ во близина на Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга го лишија од слобода Ј.О.(39) од Струга. При извршена контрола и преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана.
На 13.06.2026 во 23:30 часот во тетовското село Боговиње, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишија од слобода Н.Е.(19) од Тетово. при преглед во патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, било пронајдено и одземено пакување со бела прашкаста материја. Тој е задржан во полициска станица.
На 13/14.06.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Д.(48), И.А.(22), Д.П.(18), сите од Скопје, како и Г.Б.(37) од с.Волково, скопско и М.А.У.(24) од Турција затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и грутчеста материја.
По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.