На 18.06.2026 во 20:30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода З.С.(46) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 47-годишна сопруга.
На 18.06.2026 во 18:00 часот во СВР Скопје, 29-годишна жена пријави дека во период од околу шест месеци била физички и психички малтретирана од нејзиниот вонбрачен сопруг Е.Х..
На 18.06.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје, 55-годишна жена пријави дека нејзиниот син О.Г. упатувал кон закани неа и кон неговата сестра.
На 18.06.2026 во 19:00 часот во СВР Скопје, 46-годишна жена пријави дека околу 09:00 часот на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер К.С..
На 18.06.2026 во 12:50 часот во СВР Скопје, 41-годишна жена пријави дека во период од околу три месеци нејзиниот поранешен партнер А.Ј.(37) психички ја вознемирувал на тој начин што постојано ѝ звонел на нејзиниот мобилен телефон, оставал писмени пораки на нејзиното возило, а во два наврати го забележала пред нејзиниот дом, при што сакал да оствари комуникација со неа.
На 18.06.2026 во 22:30 часот, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Ф.Р.(40) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава од неговата 40-годишна сопруга дека околу 21:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал при што употребил тврд предмет. Според пријавеното, подолг период била психички и физички малтретирана од сопругот.
На 18.06.2026 во 23:30 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода, А.Б.(56) од Штип, постапувајќи по претходна пријава од неговата 49-годишна сопруга дека околу 16:30 часот во семејниот дом физички ја нападнал.
На 19.06.2026 во 02:30 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода Д.А.(30) од Делчево, постапувајќи по претходна пријава од неговата 23-годишна сопруга дека во семејниот дом, а подоцна и во паркот во Делчево, во неколку наврати физички ја нападнал, при што употребил и тврд предмет. Според пријавеното, подолг временски период психички и физички била малтретирана. По извршени проверки, било констатирано дека Д.А. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,79 промили алкохол во крвта.
На 18.06.2026 во 16:20 часот во СВР Велес, полициски службеници извршиле службен разговор со З.Б.(57) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека во домот агресивно се однесувал и се заканувал на неговата 54-годишна сопруга.
На 19.06.2026 во 00:20 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода С.С.(43) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од неговата 72-годишна мајка дека физички ја нападнал во семејниот домот. Претходно, С.С. пријавил дека неговата мајка извесен период вршела насилство врз неговиот малолетен син, а на 16.06.2026 и физички го нападнала. Известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес.
На 18.06.2026 во 19:25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода Д.И.(29) од село Конопница, кривопаланечко, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом се однесувал агресивно и упатувал закани кон неговата 27-годишна сопруга. Тој бил спроведен во здравствена установа во Скопје и бил задржан на лекување.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.



