Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило

Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, 11 возеле без возачка дозвола, еден под дејство на алкохол и еден со брзина поголема од дозволената
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив 11 управувале возило без возачка дозвола, еден под дејство на алкохол и еден со брзина поголема од дозволената. Во Скопје едно лице управувало возило без возачка дозвола и еден под дејство на алкохол.
Пет лица во Прилеп и прилепско и по едно лице во Гостивар, Кочани, Неготино, Кавадарци и Кичево управувале возило без возачка дозвола, додека едно лице во Гевгелија управувало возило со брзина поголема од дозволената. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.