Лишени од слобода 18 возачи за безобѕирно управување возило

Лишени од слобода 18 возачи за безобѕирно управување возило, 11 возеле без возачка дозвола, шест лица возеле под дејство на алкохол
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 18 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив, 11 управувале возило без возачка дозвола (пет во Скопје, три во Гостивар и по едно лице во Тетово, Кичево и Прилеп). Под дејство на алкохол возеле шест лица (по едно во Скопје, Кочани, Пробиштип, Велес, Радовиш и тетовско), а едно лице во Кочани возело иако имало активна забрана за управување на моторно возило. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај