Антикоагулантна терапија-сега во аптеките, најави Клековски

Сега во аптеките се достапни Enoxaparin, Nadroparin и Rivaroxaban со полесен пристап и пониски трошоци за граѓаните.
💊 Enoxaparin и Nadroparin — досега достапни само преку рефундација, сега директно во аптека, препишани од специјалист.
Партиципацијата изнесува 160–240 ден. во зависнот од дозажа и пакувања (наспроти цена од 1.160–2.700 ден.)
Еден бренд е целосно без доплата (другите два се со доплата).

 

 

По барање на граѓаните Фонд за здравствено осигурување на Македонија ќе врши рефундација на овие два лека во транзициски период до 15 јули 2026 година.

 

 

💊 Rivaroxaban — прв пат на позитивната листа!
За најчесто користеното пакување (30 х 10 мг) кое чинише 2.228 ден. — пациентот плаќа само 160 ден. партиципација + 315 ден. доплата = 475 ден. вкупно — заштеда од 1.752 ден. за граѓанинот.

 

 

🗓️ Од 1 јануари 2027, Rivaroxaban ќе биде достапен без доплата, единствено со партиципација.
Покрај заштедата за граѓаните, референтната цена се преполовува — заштеда и за Фондот.

 

 

Продолжуваме со проширување на позитивната листа!