Доаѓа slavcometeo.mk

Македонскиот метеоролог Славчо Попоски ја промовираше својата нова официјална веб-страница „Slavcometeo.mk“, преку која љубителите на временската прогноза ќе имаат можност на едно место да ги следат најновите метеоролошки информации и анализи.

Како што информира Попоски, страницата ќе нуди брзи, прецизни и реални метео анализи за временските услови во Македонија, но и за земјите од регионот и Европа.

Покрај деталните временски прогнози и анализи, посетителите на Slavcometeo.mk ќе можат во секое време да ја следат моменталната температура и актуелната состојба со времето во сите градови низ Македонија, како и седумдневна временска прогноза за секој град поединечно.

Со новата веб-платформа, Попоски има цел на јавноста да ѝ овозможи побрз и полесен пристап до сигурни и навремени информации за временските услови, кои ќе бидат редовно ажурирани.

Новата страница претставува уште еден чекор кон унапредување на информирањето на граѓаните, нудејќи на едно место детални прогнози, метеоролошки анализи и актуелни податоци за времето во земјата и пошироко.