Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков денеска оствари протоколарна средба со Амбасадорот на Австрија во земјава Н. Е. Мартин Памер.
На состанокот се разговараше за зајакнување на соработката меѓу Охрид и австриската покраина Тирол којашто има донирано возила и опрема за ТППЕ во градов. Се разгледуваа можностите за поддршка на планинските спасителни служби.
Двете страни разменаа идеи и за восподставување и блиска соработка во повеќе општествени сфери помеѓу Охрид и градови од Австрија.




