Викендов многу свежи, до ладни утра и северен ветер, во недела 26 јули поголем пораст на дневните температури

Викендов во Македонија (сабота и недела 25/26 јули) времето ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Во сабота 25 јули повремено ќе засилува ветерот од северен правец, а во недела 26 јули особено во западните предели повремено ќе дува засилен ветер од западен правец.

Во Скопје и околината исто така викендов ќе имаме стабилно, суво и претежно сончево време со појава на мала до умерена локална облачност. На ден сабота 25 јули повремено ќе засилува ветерот од северен правец.

Наутро викендов ќе биде многу свежо, па дури и релативно ладно и ќе ни треба потоплата облека. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 16 степени, а на високите планини, особено над 2000 метри надморска височина температурите ќе се спуштат дури и под нулата и ќе има појава на слаб мраз.

Максималните дневни температури на воздухот пак на ден сабота 25 јули во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 27 степени. Поголем пораст на максималните температури во Македонија ќе имаме на ден недела 26 јули кога тие ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени. Во Скопје и околината на ден недела 26 јули максималната температура е се искачи до околу 34 степени.

Да напоменам дека многу свежи утра викендов ќе има и Скопје и околината кога минималната температура ќе се спушта до околу 10 степени, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

 

 

slavcometeo.mk