Август ни носи нови топлотни бранови во Македонија, но од она што можам сега да го изјавам за јавноста, без екстремна топлина туку со температури кои би се искачувале на повеќето места околу 30 до 35 степени, а во Повардарието и во југоисточните предели температурите би се искачувале до околу 38 степени.
Во Скопје и околината исто така температурата во месец август очекувам да се искачува и повремено да надминува 35 степени, што значи дека и Скопската котлина барем одсега гледано во август останува без некоја екстремна топлина.
Секако во август повторно очекувам појава на тропски ноќи особено во делови од Скопската котлина, централните и југоисточните предели од Македонија каде температурите ниту во текот на ноќните и утринските часови нема да се спуштаат под 20 степени.
Што се однесува до врнежите во месец август, тие би биле околу или малку над просекот за август, што значи дека и покрај ова очекувам повремени нестабилности во атмосферата и освежувања на времето, проследени со врнежи, грмежи и со засилен ветер.
И во август постои опасност од појава на локални временски непогоди во Македонија.
Да напоменам дека со оглед на тоа дека се работи за месечна и подолгорочна анализа на времето, отстапувања, односно промени во оваа анализа се можни, па токму поради ова апелирам до јавноста да ги следи моите по краткорочни анализи на времето кои секојдневно ги објавувам на овој мој метеоролошки медиум. Токму овие по краткорочни анализи на времето се со голема веројатност за остварување и тоа поголема од 90% за да се оствара, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.




