Џамбаски: Бугарија има претседателска и владина линија на политика кон Македонија и авиолинија со празен авион кој ќе лета од Софија кон Скопје

Политиката на новата влада кон Македонија е колеблива, смета бугарскиот европратеник, Ангел Џамбазки.

-Има сериозни колебања. Има две линии на политика, една линија е политиката на претседателот која, според нас,треба да се поддржи бидејќи се заснова на здравата бугарска позиција“ вели Џамбаски.

Според него „другата политика што ја води премиерот е политика на одбивање да се заштити националниот интересна полето на историјата, да се остават настрана важните прашања, не само историските.

Најважните прашања се правата на Бугарите во Македонија, а не’ залажуваат со хипотетички огромниделовни врски, откако пуштиле авион да лета празен во двата правци, за што ќе платиме секој од нас“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *