Затворен угостителски објект во Тетово, приведена сопственичката

На 17.04.2021 во 13,10 часот полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола во угостителски објект на ул.“120“ во Тетово кој бил отворен и во кој биле послужени неколку гости. Објектот бил времено затворен од Државен пазарен инспекторат, а сопственичката Ј.Б.Н.(49) била лишена од слобода и по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.

фото: Архива