Апасиев: Ах бе, капиталисти! Вие би да го исцицате секој атом од човекот-работник, само за вашиот профит да не трпи

Вие би да го исцицате секој атом од човекот-работник, само за вашиот профит да не трпи, им порача пратеникот и лидер на Левица Димитар Апасиев на капиталистите, коментирајќи го новиот закон за работни односи со кој денот недела ќе биде неработен за некои од работниците.

-Правото на еден НЕРАБОТЕН ДЕН во неделата е старо најмалку 3.700 години (од Мојсеј па наваму). Арно ама, на нашиот „бизнис сектор“ му сметало шо му се чепка у профитот, па ќе го спорел на Уставен суд!?
Ах бе, капиталисти! Вие би да го исцицате секој атом од човекот-работник, само за вашиот профит да не трпи. Вашата алчност не познава граници.
Btw, не само еден, туку законот бара два неработни дена, ама тоа здравје – ко ќе дојде Левица на власт. 😉
p.s. И не заборавајте: If you FUCK the working class, it will only multiply!, порача тој.