Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски на својот Фејсбук профил ги повика пратениците и политичките партии во Собранието што поскоро да го изгласаат законот за минималната плата.
На социјалната мрежа премиерот пишува:
„Ги охрабрувам пратениците во Собранието и политичките партии да дадат поддршка и што поскоро да го изгласаат законот за минималната плата.
Граѓаните од нас очекуваат ефикасност и не смееме да дозволиме одложување на носењето на ова решение кое од огромно значење за работниците со ниски примања во време на криза.
Ја повикувам опозицијата и нејзините пратеници да дадат поддршка на оваа верзија на законот и кончено да демонстрираме заедништво за одлуки важни за граѓаните.
Платите ќе продолжат да растат и во иднина, исто како и пензиите бидејќи сега е време секој денар од буџетот да го насочиме за финансиска поддршка на граѓаните и стопанството.“