Кромидот и лукот кои имаат многу витамини и минерали, го зајакнуваат имунолошкиот систем поради нивните антисептични и антибиотски својства, рече професорката Ајдан Ерџан, раководителот на Катедрата за исхрана и диететика на Универзитетот Тракија во северозападната Турција, во Едрeне, известува Агенција Анадолија (АА).
Професорката Ерџан зборувајќи за Агенција Анадолија рече дека кромидот и лукот, кои можат да се јадат зготвени или сирови, треба да се консумираат редовно. „Кромидот и лукот имаат важно место во нашата традиционална исхрана. Во нашата култура на храна, има многу малку јадења без кромид и лук“, истакна проф. Ерџан.
Здравиот живот се базира на избалансирана и здрава исхрана, а овошјето и зеленчукот имаат значајна улога во исхраната, истакна таа.
Таа рече дека Турците користат кромид во салати, а јогурт со лук е незаменлив дел од турската кујна.
Бидејќи го зајакнува имунолошкиот систем, овие два продукти има заштитни својства против многу болести.
„Тие имаат заштитни својства против било какви болести бидејќи го зајакнуваат имунолошки систем“, додаде таа.
извор: Агенција Анадолија (АА).