Грчки хакери се пофалија дека нападнале неколку банки во Македонија

Во тек се хакерски напади на грчките хакери врз неколку македонски банки. Пред малку на Твитер се огласија хакерите со известување дека ја нападнале ТТК банка. Во исто време не се достапни страниците ниту на НЛБ банката ниту на СТБ банката. За последните две од „ Powerful Greek Army“ немаат објави.

Грчките хакери од „Моќната грчка армија“ вечерва објавија на Твитер дека извршиле хакерски нападни врз неколку македонски банки. Според хакерите, нападнати биле ТТК Банка, Централна кооперативна банка, УНИ Банка, Прокредит банка и Стопанска банка АД Битола, Шпаркасе, Комерцијална и други.

Сеуште нема официјални информации од банките.

Пред десетина дена хакерите се пофалија дека ги хакирале и сајтовите на Министерството за образование и наука (МОН), Министерството за надворешни работи и Министерството за одбрана. Во меѓувреме тие се заканија и дека „ќе ја збришат Македонија од интернет просторот“.