Како Џаро го пронашол Аркан – додека Весли Кларк мислел дека го криеме во Македонија

Во неделата во гостување во емисијата „Во Центар“, кај напиот најпознат новинар Васко Ефтов, Павле Трајанов проговори за многу интересни настани од минатото, за кои јавноста знае многу малку.

Во една од минатите емисии, колегата на Трајанов, Слободан Богоевски, рече дека поранешниот лидер на ВМРО БНД и екс бугарски министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, бил соработник на македонските служби.

Новинарот Ефтов го праша Павле Трајанов, дали е точна оваа информација?

-Сега, не можам отворено до крај да зборувам, но јас верувам во тоа што го презентираше Слободан Богоевски, дека тоа е точно.

Како министер за внатрешни работи во тоа време не беше тој актуелен, веројатно веќе беше заминат и вратен во Бугарија, тогаш не беше предмет на интерес, но тука престојувал, студирал, имал контакти со службите.

Во такво својство, тоа не сум го проучувал и не сум имал интерес да проверам вокакво својство тој бил присутен тука, вели Трајанов.

Имаше спорадични информации кои на еден или на друг начин стигнале до мене, но не сум го отворил досието, ако има такво досие дека тој прифатил соработка, затоа што постапката за соработка е документирана.

Тоа си постои во архивата и документацијата и тоа е запазено на микро филмови, вели Трајанов

Материјалите постојат. Сепак секој кој бил соработник или информатор-тие информации се од траен карактер. И покрај тоа што има правила за ништење, но тие остануваат. Соработничката мрежа останува.

Дали бил или не бил тоа треба да се провери, но јас верувам бидејќи Слободан Богоевски раководеше со државната безбедност, тој изворно ги добиваше материјалите и верувам дека тоа што го презентирал-дека е така, вели Трајанов.

Павле Трајанов проговори и за времето кога за претседателската функција се бореа Тито Петковски и Борис Трајковски.

Тогаш, по првиот круг од изборите, Петковски имаше огромна предност, која во вториот круг се стопи, Трајковски победи и стана претседател.

-Мислам дека во тоа време, Тито Петковски ја немаше поддршката ниту од неговите најблиски соработници, рече Трајанов.

Киро Глигоров не му даде поддршка, а Бранко Црвенковски на денот на изборите ги повлече набљудувачите од избирачките места попладнето, со што се отвори можност да се полнат кутии, ако се полнеле, рече Трајанов

Павле Трајанов проговори и за периодот на конфликтот во Србија.

-Западните сили стационираа војска кај нас. Ние се грижевме за безбедноста на тие луѓе. Во една прилика, генералот Весли Кларк, кој беше извонредно моќен во тоа време, беше дојден на средба со делегација во Скопје.

Во кабинетот на Премиерот, тој ми рече дека има информации дека ние го криеме и му даваме заштита на Аркан, што не беше точно.

https://www.youtube.com/watch?v=gLVtnb4yP7I&t=10s

Размислував како да му докажам дека тоа не е точно и дека Аркан не се наоѓа во Македонија и тогаш му се јавив на Велибор Џаровски -Џаро, кој имаше извонредни конекции на просторите на поранешна Југославија.

Го замолив, дали може да дознае каде се наоѓа Аркан. Тој за кратко време ми се јави и ми рече: „Аркан е во Белград, во хотел Југославија. Седи со тие и тие луѓе“.

Така, ние им кажавме на американците каде се наоѓа Аркан и го симнавме сомнежот од нас, бидејќи тие проверија и увидоа дека информацијата е точна.

Потоа, Весли Кларк, разговараше пријателски со мене и афирмативно за нашата земја, раскажа за оваа интересна ситуација Павле Трајанов.