Најмалку 18 лица загинаа во воздушен напад врз воена база во близина на пристанишниот град Одеса на Црното Море во Украина, соопшти локалната администрација.
„Осумнаесет лица загинаа – осум мажи и 10 жени. Во моментов сè уште копаме низ урнатините”, се вели во соопштението на регионалната администрација на Одеса, објавено на Фејсбук.
извор/фото: агенции