Украина соопшти дека убила 50 руски елементи, срушила 7 руски авиони и уништила 4 тенка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за одбрана на Украина.
„Убиени се 50 руски окупатори, погодени се 7 руски авиони, уништени се 4 тенка“, се наведува во соопштението.
Инаку, рускиот претседател Владимир Путин соопшти дека започнале специјална воена операција во регионот Донбас кој се наоѓа во источниот дел на Украина.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека воздушно-одбранбените системи, воени аеродроми и воздухопловните сили биле неутрализирани со оружја со висока прецизност.
извор: Агенција Анадолија (АА).