Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто понуди Будимпешта да биде место за мировни преговори меѓу Русија и Украина.
Тој во живо на „Фејсбук“ во петокот вечерта рече дека се консултирал со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и Андреј Јермак, шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, за да им ја понуди Будимпешта како безбедно место за преговори, пренесе агенцијата МТИ.
Сијарто откри дека ниту една страна не ја отфрлила таа можност.
извор/фото: агенции