Жена се породи во метро станицата во украинската престолнина Киев каде илјадници граѓани беа засолнети од хаосот предизвикан од руската инвазија врз Украина, пренесува „Daily Mail“.
Додека се криела од нападот во импровизираното засолниште, синоќа, нешто пред 20.30 часот, младата жена родила девојче по име Миа, а нејзиниот плач го слушнала украинската полиција која притрчала на помош.
Фотографијата од мајката на Миа (23) брзо го обиколи светот, а веста за нејзиното раѓање брзо се прошири на социјалните мрежи.