Во текот на изминатата вечер (26/27.02.2022) полициски службеници од Бирото за јавна безбедност при МВР во координација со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд спроведоа акциска контрола во пет угостителски објекти и едно казино во Тетово. Притоа, затекнати се 11 малолетници во угостителски објекти по 24 часот, од кои осум малолетници конзумирале алкохол, а 14 се затекнати без да поседуваат ковид сертификат. Откриени се три кривични дела од кои едно за употреба на лажен сертификат, а до надлежното обвинителство ќе биде поднесен поднесок и против сопственик на објект кој упатувал закани кон полициските службеници и инспекциските служби.
Related Posts
(ВИДЕО) Одделот за воздухопловни единици заедно со Одделот за специјални полициски операции вежбаа извлекување на повреден на карпа со помош на хеликоптер
Во склоп на алпинистичка обука на Одделот за специјални полициски операции и Единицата за брзи интервенции, хеликоптер со посада од…
(ВИДЕО) Претседателот Пендаровски ги потпиша законските измени за „Бехтел и Енка“
Претседателот Пендаровски ги потпиша законските измени за „Бехтел и Енка“ – дури и оние кои се однесуваат на Законот за…
Ковачевски: Инвестирајќи во патната инфраструктура, инвестираме во развој на економијата во Северна Македонија
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и заменик-…