Зеленски: Следните 24 часа ќе бидат клучни за Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во телефонски разговор со премиерот на Обединетото Кралство Борис Џонсон оценил дека следните 24 часа ќе бидат клучни за Украина, соопштија од кабинетот на Џонсон.

Џонсон рече дека отпорот на украинскиот народ е херојски и дека ќе направи се што е во негова моќ за да добие помош во одбрана од Велика Британија и нејзините сојузници на Украина.

Џонсон цврсто ја повтори поддршката на Лондон за територијалниот интегритет на Украина.

Министерот за одбрана на Украина Алексеј Резников оцени дека имало пресвртница во конфликтот меѓу Русија и Украина, бидејќи, според него, војната станала европска.

Резников на Фејсбук напиша дека половина Европа веќе собира оружје и опрема за заштита на Украина.

Значително е зголемен кругот на држави кои даваат вистинска помош“, посочи Резников.

Тој додаде дека Европа веќе обезбедила привремено засолниште за десетици илјади бегалци од Украина.

 

извор/фото: агенции