при проверката на новите цени од страна на сервисот Ценометар.мк забележавме драстичен скок на цените кај следните производи и тоа во рок од само 10 дена од последната проверка.
Зголемувањето е генерално кај сите производи, но најистакнато е кај следниве категории:
1. Банана – поскапена за 8-10 денари!
2. Лимон – поскапен за 5-7 денари!
3. Јаболка – поскапени за 8 денари!
4. Домат – поскапен за 14 денаари!
5. Зелка – поскапена за 4 денари!
6. Компир – поскапен за 6 денари!
7. Брашно – поскапено за 4 денари!
8. Грав – поскапен за 17 денари!
9. Путер – поскапен за 5 денари!
10. Ајдамер кашкавал – поскапен за 67 денари!
11. Гауда кашкавал – поскапена за 29 денари!
12. Свинска кртина – поскапена за 20-40 денари!
Поскапувањата се различни по различни маркети, но генералниот тренд е јасен.
Дали е доволна мерката за замрзнување само на основните производи, или Владата треба генерално да ги замрзне цените на сите производи? Дали луѓето не треба да јадат овошје и зеленчук кој немилосрдно поскапува?
Со ваков раст на цените, народот нема да може да купува воопшто овошје и зеленчук и неговата прехрана ќе се сведе на леб, ориз и масло, за жал, велат од Ценометер.мк.