Преговорите Русија-Украина привремено прекинати поради консултации, итен прекин на огнот и повлекување на војниците, побара украинската страна

Руската и украинската делегација ги завршија преговорите и ќе заминат за нивните престолнини на консултации пред новата рунда, изјави советникот на шефот на кабинетот на украинскиот претседател.

Преговорите меѓу Русија и Украина се водат на тромеѓето меѓу Русија, Украина и Белорусија, а делегацијата на Украина пристигна на местото со задоснување од неколку часа поради технички причини.

И Русија и Украина ги изнесоа своите барања за прекин на огнот и ставање крај на воената операција, меѓутоа ниедна од страните не е особено оптимистична дека преговорите ќе имаат позитивен исход за кратко време.

Итен прекин на огнот и повлекување на војниците, побара украинската страна

Украинска делегација, составена од министерот за одбрана Олексиј Резников, претседателскиот советник Михаило Подољак и други, со два хелокоптери утрово пристигна на украинско-белоруската граница за да учествува во преговорите со руската делегација.

Еден од руските преговарачки, Владимир Медински, пак, порача дека Москва е заинтересирана за постигнување договор со Украина на разговори.

-Русија е заинтересирана да дојде до договор што е во интерес на двете страни на разговорите со Украина – изјави утрово рускиот преговарач Медински, додека официјалните лица се подготвуваа да се сретнат во близина на границата.

Според последните информации Киев бара повлекување на сите руски трупи, вклучително и од Крим и Донбас во разговорите за делегација, велат од Канцеларијата на Зеленски.

Во преговорите со Руската Федерација, Украина бара повлекување на руските трупи од целата украинска територија, вклучувајќи ги Крим и Донбас.

Ова го изјави советникот на шефот на кабинетот на претседателот Алексеј Арестович во интервју за „Сега“.

„Нашиот став е без услови и ултиматуми“, рече тој.

Според Арестович, ставот на Руската Федерација е „предадете се таму, а потоа ќе разговараме со вас“.

„Срдечно се смеевме во Канцеларијата и првпат одбивме. Тогаш тие побараа по втор пат, а тоа што тие се првите што побараа од нас разговор доволно говори.

Нашите услови се јасни – прекин на огнот и повлекување на сите руски војници“, изјави советникот на шефот на ОП, додавајќи дека станува збор iза Донбас и Крим.

„Како и да е ќе ги закопаме сите, затоа е подобро да си заминат доброволно“, рече тој.

„Не би го нарекол тоа преговори. Ние ги нарекуваме консултации. Прерано е да се преговара“, додаде Арестович.

Преговорите се водат денеска во регионот Гомел.

 

извор/фото: агенции