Српскиот претседател, Александар Вучиќ изјави дека Србија ќе се приклучи на сите одлуки на Генералното собрание на ОН за нарушување на територијалниот интегритет на Украина во конфликтот со Русија, но дека ќе ги отфрли сите оние кои се однесуваат на санкциите против Русија.
Вчера имавме девет гласања, во осум не се придруживме, на едно гласање се приклучивме. Денескa имаме едно каде што ќе се приклучиме, па така секој ден, само информирајте ме на крајот за тие бројки. За се она што се однесува на рушење и кршење на територијалниот интегритет, Србија се приклучува, за она каде што се во прашање санкциите, Србија нема да се приклучи, барем додека можеме да издржиме и ова уште малку, уште неколку дена додека сум де факто претседател на републиката. Е сега, откако ќе изберете (на изборите) некој друг, тоа е друга приказна – изјави Вучиќ.
На прашањето за притисоците со кои се соочува Србија, тој одговори дека тие се огромни.
-До доцна синоќа имав разговори со претставници на повеќе земји, а и денеска е така цел ден. Само толку важат декларациите за големото почитување на независноста и правото на другите земји сами да одлучуваат – кажа Вучиќ.