Донесена е Националната стратегија за интегрирано гранично управување

Владата ја донесе Национална стратегија за интегрирано гранично управување 2021-2025, со Акциски план за имплементација на Националната стратегија за интегрирано гранично управување (2022-2025).

Националната стратегија за интегрирано гранично управување и соодветниот акциски план се усогласени со постоечката национална стратешка рамка и основните стратешки документи, со акцент на Програмата за работа на Владата 2021-2024 и е во функција на исполнување на планираните активности во рамки на процесот на пристапување кон ЕУ, како стратешки приоритет на Владата.

Главната цел на оваа стратегија е постигнување на безбедни и отворени граници, за брз и безбеден проток на патници и стоки и за ефикасно сузбивање на илегалните прекугранични активности до ниво кое нема да претставува закана за граничната безбедност и за сигурноста на граѓаните.